Писмо до Деспот Баџовиќ
Темко Попов, 1888
Писмо што Темко Попов го напишал во Солун на 9 мај 1888 година до Деспот Баџовиќ, учител од Крушево и автор на буквар за македонските училишта. Попов намерно пишува „на наше наречие“ и се жали дека за него нема ни речник, ни граматика, ни учебници. Бара да се отворат македонски училишта, а зборовите што недостасуваат предлага да се земаат од српскиот јазик. Писмото завршува со реченицата по која се памети: најглавната работа е „Македониа да се помакедончит“. Пренесено е во изворниот правопис.
Содржина
Како да се чита
наречие – говор, јазик
замствајки – позајмувајќи
дередже – степен, состојба
вопрос – прашање
пулеет – гледаат
се ползувеет – се користат
срества – средства
олим-лани – преклани
чоек – човек
шчо, нешчо, ушче – што, нешто, уште
ја – јас
је – е