Женил се Петре војвода
Женил се Петре војвода леле,
Женил се Петре војвода ,
Поканил до девет сестри, леле,
десетта сестра не канил.
Сам пошол Петре по неа,леле,
-Ај дојди сестро на свадба.
Не можам брату да дојдам, леле,
тешка ми куќа на глава.
Машко ми дете у раце,леле,,
Бело ми платно на разбој.