Даме Груев - Волјата на револуционерна Македонија
Даме Груев е еден од клучните организатори на македонското револуционерно движење и меѓу основачите на ВМРО. Оваа статија го следи неговиот животен пат, револуционерната дејност, учеството во Илинденското востание и неговата херојска смрт.
Даме Груев останува запаметен како една од најзначајните личности во македонското револуционерно движење. Неговото име е нераскинливо поврзано со создавањето на организациската мрежа на ВМРО, со подготовките за Илинденското востание и со истрајната борба за политичка слобода на Македонија. Кој бил Даме Груев На 19 јануари 1871 - Во селото Смилево, Демирхисарско, роден е Даме Груев, еден од великаните на националното ослободително движење на македонскиот народ кон крајот на 20. век, револуционер, учител, идеолог и еден од организаторите и основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Загина во борба против османлиската војска на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, на 23 декември 1906 година. Селаните од Русиново го закопаа мртвото тело на Даме во дворот на црквата во селото, а подоцна му ги пренесоа останките во родното Смилево. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот. ..- изјава од Даме за односот на туѓите непријателски пропаганди кон Македонија, во весникот Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905 . Потекло и школување Груев е роден 1871 г. во Смилево (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото Селци. Потекнува…
Од продавницата
- Маица - Даме Груев · 550 ден.
- Блузон - Даме Груев · 1190 ден.
- Дуксер - Даме Груев · 1390 ден.
- Значка - ВМРО · 590 ден.
- Значка - ВМРО (позлатена) · 650 ден.
- Шише - ВМРО (Слобода или Смрт) 🔴⚫️ · 1290 ден.
- Сет чоканчиња - ВМРО (8 чоканчиња) 🔴⚫️ · 1800 ден.