Гемиџиите: младите идеалисти зад Солунските атентати од 1903 година
Текст за Гемиџиите, тајниот македонски анархистички кружок поврзан со Солунските атентати од 1903 година. Обработени се нивното име, членови, подготовките, нападите и историскиот епилог.
Гемиџиите Гемиџиите претставуваат еден од најпознатите и најдраматични примери на македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XX век. Нивната дејност, поврзана со Солунските атентати од 1903 година, останала запаметена како обид преку радикална акција да се привлече вниманието на Европа кон положбата на Македонија под Отоманското Царство. Кои биле Гемиџиите? Гемиџиите — таен македонски анархистички кружок составен од повеќе млади Македонци, анархисти, кои го формирале кружокот под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет. Нивната акција во Солун во април 1903 година е позната како Солунски атентати, поради што Гемиџиите се познати и како Солунски атентатори. Потекло на името Постојат повеќе верзии за тоа како кружокот го добил името Гемиџии. Една од нив е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море со што или ќе успеат да го извадат на брегот или ќе го разбијат од карпите, односно нема да успеат. Друга претпоставка е алегоријата „гемии на суво” со што тие сакале да ја искажат положбата на својата земја. Членови на кружокот Повеќето биле интелектуалци, младинци на возраст од 18 до 22 години. Од Велес биле Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија…
Од продавницата
- Маица - Се арчиме за Македонија · 550 ден.
- Блузон - Се арчиме за Македонија · 1190 ден.
- Дуксер - Се арчиме за Македонија · 1390 ден.
- Маица - Гемиџии · 650 ден.