Гоце Делчев - биографија, ВМРО, цитати и значење за Македонија
Гоце Делчев (1872-1903) беше револуционер и визионер, водечка фигура во борбата за слободна Македонија. Како идеолог на ВМРО, тој се залагаше за независност и правда. Загина во 1903 година, но неговото дело останува вечно.
Гоце Делчев – биографија и улогата во македонската револуционерна борба Гоце Делчев е една од најзначајните личности во македонската историја и револуционерна традиција. Неговото име е длабоко поврзано со организациското јакнење на Македонската револуционерна организација, со борбата за политичка слобода и со идејата народот сам да стане господар на сопствената судбина. „Делото на ослободувањето на еден народ е, пред сè, негово сопствено дело, дело на неговите сопствени раце.“ Потекло и рани години Ѓорѓи Николов Делчев , попознат како Гоце Делчев ( Кукуш , 4 февруари 1872 - Баница , 4 мај 1903 ) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација ,Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, на бројната и угледна фамилија Делчеви. Неговите родители биле добро ситуирани и едно од најстарите семејства во Кукуш. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Како плод на овој брак се родиле десет деца - шест ќерки и четири сина. (Тинка, Руша, Цоца, Гоце, Тина, Лика (Велика), Еленка, Мицо, Милан и Христо). Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование во учебната 1886/87 година. Година дена подоцна Гоце го напушта Кукуш и се запишува во IV клас на Солунската машка гимназија “Св Кирил и Методиј”. Близу половината ученици од класот биле дојдени…
Од продавницата
- Маица - Гоце Делчев · 550 ден.
- Маица - Гоце Делчев 1903 · 550 ден.
- Блузон - Гоце Делчев · 1190 ден.
- Блузон - Гоце Делчев 1903 · 1190 ден.
- Дуксер - Гоце Делчев · 1390 ден.
- Дуксер - Гоце Делчев 1903 · 1390 ден.
- Значка - ВМРО (позлатена) · 650 ден.
- Шише - Гоце Делчев (Слобода или Смрт) · 1390 ден.