Јане Сандански - Пиринскиот цар
Јане Сандански е една од најистакнатите фигури на македонското револуционерно движење. Оваа статија го прикажува неговиот живот, идеите, борбата во ВМРО и стремежот кон слободна и самостојна Македонија.
Јане Сандански е една од највлијателните личности во македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XX век. Во оваа статија е прикажан неговиот животен пат, револуционерната дејност, политичките ставови и борбата за самостојна Македонија. Кој бил Јане Сандански Јане Сандански (с. Влахи, Мелничко, 18 мај 1872 година Пирин Планина Мелничко, 22. IV 1915) – е истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМРО. Од 1895 до 1897 година учествувал во четничкото движење организирано од ВМК, а од 1899 година преминал во ТМОРО. Јане Сандански ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. Бил еден од главните организатори на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес за кревање востание во 1903 година, но по започнувањето на востанието го извел Крстовденското востание во серскиот револуционерен округ. Бил поистакнат преставник на Серската група и Реформската струја, и е еден од оснивачите на Народната федеративна партија. Со своите чети учествувал во Младотурската револуција и во Балканските војни. Животот го завршил обидувајќи се да ја спречи Бугарија во вклучувањето во Првата светска војна бидејќи тоа би значело нова катастрофа за Македонија. Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, се застапувал за ослободување на цела Македонија, за сочувување на територијален интегритет и создавање самостојна македонска држава. Потекло, семејство…
Од продавницата
- Маица - Јане Сандански · 550 ден.
- Блузон - Јане Сандански · 1190 ден.
- Дуксер - Јане Сандански · 1390 ден.
- Значка - ВМРО (за независна Македонија) · 490 ден.
- Сет чоканчиња - ВМРО (8 чоканчиња) 🔴⚫️ · 1800 ден.