Питу Гули – Херојот од Мечкин Камен
Питу Гули, херојот од Мечкин Камен, со својата храброст и жртва стана симбол на македонската борба за слобода. Неговото наследство, како војвода на Илинденското востание и водач на борците од Крушево, продолжува да инспирира патриотизам и љубов кон татковината. Откријте ја неговата приказна и дознајте повеќе за неговиот живот и значајот на битката на Мечкин Камен.
Питу Гули ( 1865 — 12 август 1903 ) — македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација . Животопис Современици сведочат дека Питу Гули имал завршено само две одделенија основно училиште и дека во младоста бил овчар , крчмар , гостилничар , заточеник и комита . По раната смрт на таткото, мајка му го главила да работи кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани . По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција , се нашол меѓу македонските печалбари во Софија . Годината на раѓањето на Гули се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков . Неколкумина современици тврдат дека во 1885 година тој бил на дваесетгодишна возраст, така што може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров , а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст. Во 1895 или 1896 година, Гули се оженил со крушевчанката Евгенија , ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија тие имале четири деца - тројца синови и ќерката Флора. Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало. Една година по смрта на Гули, умрела жена му од туберкулоза . Четирите деца одраснале во сиропиталиште во Битола . Нивната ќерка Фрлора умрела млада по ампутација на едната нога. Ташко Гулев (Шула Гули) загинал во 1913 година во редовите на…
Од продавницата
- Маица - Питу Гули · 550 ден.
- Блузон - Питу Гули · 1190 ден.
- Дуксер - Питу Гули · 1390 ден.
- Чоканче - Питу Гули · 250 ден.
- Значка - ВМРО (позлатена) · 650 ден.
- Шише - ВМРО (Слобода или Смрт) 🔴⚫️ · 1290 ден.