Кој го уби Тодор Александров? Убиството, извршителите и причините

Контроверзно убиство на Тодор Александров во 1924 – теории, докази и неизвесности што сè уште предизвикуваат дебати 100 години подоцна.

    Убиството на Тодор Александров: Контроверзии што траат 100 години   Убиството на Тодор Александров е контроверзна тема, дури и 100 години подоцна.   Хронологија на убиството   Самото убиство се случило во предвечерието на окружниот конгрес на Серскиот рев. округ, на кој требало да присуствува и Александров во обид да ја стабилизира состојбата во организацијата по скандалот со Мајскиот манифест. Ноќта на 30 август Александров и Протогеров, со двајца телохранители Панзо Зафиров и Христо Балвански, тргнале со кола на пат за месноста Лопово на Пирин каде што требал да се одржи конгресот. Утрото на 31 август (без Христо, кој останал во Горна Џумаја) биле пречекани од војводите Штерјо Влахов и Динчо Вретенаров, а со нив биле двајца курири Динчо Сугарски и Динчо Балкански. Околу 15 часот групата се сопрела за одмор близу Сугарска река и тука бил извршен злосторничкиот чин: Влахов и Вретенаров го застрелале Александров, а Панзо, кој задремал, се разбудил и се обидел да ја фати својата пушка, но бил застрелан од Динчо Балкански. Протогеров не бил нападнат, но се онесвестил од ситуацијата. Убијците ги сокриле телата на убиените во шумата и го напуштиле местото. Така завршил животот на Александров.     Што е познато, а што неразјаснето?   Што е познато, а што е сè уште неразјаснето во однос на убиството? Познати се физичките извршители на убиството: војводите Штерјо и Вретенаров, а учесници во убиството се и двајцата курири Сугарски и Балкански, кои од војводите биле известени за…

Од продавницата

Прочитај во Непокор Библиотека

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!