Решение за македонскиот јазик како службен јазик (2 август 1944)
Решение од два члена, донесено на Илинден 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски“: народниот македонски јазик станува службен јазик во македонската држава.
1. Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.
2. Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.
Претседател: Методи Андонов-Ченто, с.р.
Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.