Ѓорѓија Пулевски
1817–1893
Ѓорѓија Пулевски (1817–1893) е роден во Галичник. По занает бил ѕидар и долги години работел на печалба.
Бил војвода на чета во Руско-турската војна од 1877–1878 година и учесник во Кресненското востание. Иако немал школско образование, составил речници, песнарка и граматика.
Во „Речник од три јазика“ (1875) пишува дека Македонците се народ и дека нивното место е Македонија. Неговата „Слогница речовска“ (1880) е прв обид за македонска граматика.
- Самовила македонска – Ѓорѓија Пулевски