Самовила македонска

Ѓорѓија Пулевски, 1878–1879

Поема од времето на Кресненското востание, во кое Ѓорѓија Пулевски бил војвода. Самовилите од македонските планини тажат за она што дошло по 1878 година: со Санстефанскиот договор се појавила надеж за слобода, а Берлинскиот конгрес ја вратил Македонија под султанот. Поемата завршува со повик до Македонците да се сложат и да се кренат.

Пулевски пишува на свој јазик, во кој галичкиот говор е измешан со црковнословенски и српски облици. Буквите се приспособени за полесно читање, зборовите се негови. Белешките под ѕвездичка на крајот се од авторот.

Содржина

  1. Самовила македонска

Како да се чита

Текстот е од 1878–1879 година и не е на денешниот литературен јазик.
самовила – вила, планинско суштество од народните преданија
могла – магла
тожба, тожит – тажачка, тажи
велесили – големите сили
књажество – кнежевство
свјатостефански закључак – Санстефанскиот мировен договор од 1878 година
Агарјанци, Сарацини – стари имиња за муслиманите, овде за Турците
Хазија – Азија, каде што биле праќани на заточение
ормање – шуми
комити – бунтовници, востаници
пизмите – мразите
похарно – подобро
вселена – целиот свет
нази, назе – нас
вије – вие
као – како
через – преку, поради
оту – зашто

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!