Кузман Шапкарев
1834–1909
Кузман Шапкарев (1834–1909) е роден во Охрид. Бил учител во Охрид, Струга, Прилеп, Кукуш, Битола и Солун и составувал учебници на народен говор.
Им помагал на браќата Миладиновци во собирањето народни песни, а потоа целиот живот и самиот запишувал песни, приказни, пословици и обичаи.
Неговиот зборник излегол во Софија во 1891–1894 година, во неколку книги, и е една од најголемите збирки македонско народно творештво.
- Зборник на Кузман Шапкарев (избор) – Кузман Шапкарев