Зборник на Кузман Шапкарев (избор)

Кузман Шапкарев, 1891

Тринаесет народни песни од зборникот на Кузман Шапкарев: за самовили, змејови и ламји, за вештици и за Крали Марко. Се сметаат за најстар слој на народното пеење, од времето кога се верувало дека самовила може да го земе детето, а змеј да ја залуби девојката. Пренесени се во говорот на местата каде што се запишани и со правописот на собирачот.

Содржина

  1. Самовила и свекрва је
  2. Пројчо арамија, златно пиле и самовила
  3. Јанко, мајка му и самовила
  4. Змеова женитба со Стојанка
  5. Русалка девојка и троица јунаци
  6. Тија мома и самовила
  7. Бошко гајдаџија и самовили
  8. Јасно сл’нце и Михаил доб’р јунак
  9. Стојан раск’сан од вештици
  10. Дона и брат ѝ Михаил, болен, љубен от змеица
  11. Морска ламја поголтва Марковото дете, а Марко ја распарва и изважда детето си
  12. Марко Крале и Вида самовила
  13. Карамфиља и змеј

Како да се чита

Песните се запишани на народни говори од разни краишта, со правописот на Шапкарев од 19 век.
сл’нце – сонце; апострофот го означува темниот самогласник, како во м’шко, ж’лти, к’шти (машко, жолти, куќи)
беала – бела; „еа“ го предава стариот глас јат, како во деалат (делкаат) и слеазла (слегла)
шчо – што; така и ношчи (ноќи)
ѓи – ги
че – ќе; во некои песни и ште
маќа – мајка
јуди – самовили
арамија – ајдук, разбојник
азно – благо, пари
сенет – писмена дозвола
пешќеш – подарок
демирџија – ковач
боздогана – боздоган, тежок топуз
седенќи – седенки, вечерни собири на млади
армаса – сврши, вери
ламја – чудовиште слично на змеј

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!