Самовила и свекрва је
Свекрвата ја вика самовилата да го остави орото и да си дојде дома, зашто ѝ плаче машкото дете. Самовилата одговара дека ќе прати овца со млеко, тивка роса и тивок ветер да го надојат, искапат и залулаат.
Самовила оро вила,
оро вила на планина.
Сфекрва је викум викат:
- Самовило, снао мила!
Пушчи оро, дојди дома
от’ ти плачит м’шко дете!
- А, сфекрво, мајке-мила!
Ќе ти пушча овца с млеко,
да нацицат м’шко дете;
ќе ти пушча тифка роса,
да иск’пит м’шко дете;
ќе ти пушча тифки ветер,
да залељат м’шко дете.