Бошко гајдаџија и самовили
Бошко свири три дена и три ноќи, а јудите самовили играат. Старата јуда му ветува најмлада самовила ако ги надсвири, а му се заканува со очите ако го надиграат, но на крајот тие се уморуваат и го молат да престане.
„Бошко кавалџија,
Ѓура гајдаџија.“
Сфирел Бошко, сфирел
Три дни и три н’шти;
Јуди са играли,
Јуди Самовили.
Стара му Јуда вели;
Вели одговори:
„Сфирај, Бошко, сфирај:
Ако на натсфираш,
Ќе ти дадем, Бошко,
Нај младата Јуда (2х)
Ѓурѓа Самовила;
Ако та надиграим.
Ќе ти земим Бошко,
Двете црни јочи!“
Сфирел Бошко, сфирел
Три дни и три н’шти;
Јуди са играли.
Јуди Самовили;
Јуди са играли.
Дур’ са уморили.
Стара му Јуда вели,
Вели одговори:
„Доста сфирај, Бошко,
Деца ни примаљаха
Ф’в златните љуљќи.