Дона и брат ѝ Михаил, болен, љубен от змеица
Дона го бара брата си Михаил и го наоѓа болен на ливада. Откако му се колне дека нема да го издаде, тој ѝ кажува дека го љуби змеица, вдовица со девет сирачиња.
Дона биље брала;
Не је биље брала,
Брата је трасила,
Брата Михаила.
Па си го је нашла
Зелена ливада,
Дека болен лега,
Болен, та неволен,
Па’ го Дона праша:
„Брате Михаиле!
Нешто ќе те питам,
Право да ми кажеш: -
От што болен легаш?“
- „Сестро Доно, Доно,
Право ќе ти кажем,
Не ќм да те лажем;
Да не ме иакажеш
По тфоите друшќи,
По мои дружина.“
А Дона му каже:
„Браче Михаиле!
Танко платно ткаем,
Да го недоткаем,
Ако те прикажем
По моите друшќи,
По тфои дружина;
Сфилен ракав шием,
Да го не дошием.
Ако те прикажем
По моите друшќи
По тфои дружина!“
- „Доно, сестро Доно!
Змеица ме љуби,
Змеица ’довица
З девет сирачета!“
Морска ламја поголтва Марковото дете, а Марко ја распарва и изважда детето си →