Пеење I
В б'лгарска ми клета земља
има мало градче,
то е легнало в пољана,
име нему Прилеп.
Прилеп - то е име славно,
тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал.
Е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земља,
роду си помагал.
Дор е бил жив крал ни Марко,
земља била мирна,
не глобеха неја Турци,
не газеха неја.
Не рачил е мрсниј Турчин
кашти ни да газит,
он не можеше да љубите
6'лгарски девојки,
не е мог'л да ги турчит,
в свој харем да држит,
да не могат да излезат
испод тежок затвор,
да не видат свет ми божиј,
ни па се'лнце јасно...
И одавна то е било
у нас, в Б'лгарија,
в одавнешно, старо време,
старо али славно.
Но зашто ја ви наумвам,
клетички девојки,
наше славно време, старо,
наша прежна доба?
Што помина не сја врштат
назад, о девојки,
нема краља, нема бана,
гиздави, го нема!
Али враг да земит, моми,
ум, перо ми клето,
че то искат да приказват
с вас за таги, маки.
И е било време, моми,
и е било доба,
бил е тој век златен, харен,
да би не е било!
Што е било? - пита штете,
гиздави девојки,
мене, лада сиромаха,
скитника без рода.
Што е било? - пита штете,
Б'лгарки ви клети!
Неле'е било, како в наше
време, наша доба?
Не така ли, како при нас,
плакали са мајки?
Не така ли, како при нас,
Турчин влегвал в кашти?
Па ударал нож си остриј
в земља иле' на даски,
па извиквал с глас си страшен:
"Брго ти, ѓаурко,
наточи ми вино ројно
и љутица врела,
чаши стродрамници,
ја да пијам, да се'опијам,
с тебе ја да легнам,
да прегрнам рамна става,
очи да целувам,
не две ношти, не три ношти,
твои црни вежди..."
* * *
Клета ви садбина, моми,
клета ви година,
што вас мајка е родила
в такво лошо време!
О, да би е народила
наместо вас камен,
не ште ронех аска с'лзи,
како сега, врели!
Не ште пишеше перо ми
с крваво мастило,
немаше да ви опишам
наше тешко време!
Што е било? - питате пак,
Б'лгарки, другарки,
как е било в прежна доба,
в то ми златно време?
Што е било? - как е било,
нек сега забравим,
или ја вам сја обреква,
милички ми сестри,
в другиј пат вам зарад него
ја да ви раскажа.
Али сега, мили моми,
нека ви прикажа
прикаски од наше време...
Слушајте, девојки!
* * *
Не е било то одавна
у нас, в Б'лгарија,
било е в година, моми,
петдесет и седма,
кат притурим ошт'г хиљада
и ос'м стотини.
Беше вечер, јасен вечер
у Прилепа града,
по безоблачно ми небо
месечина плава,
окол неја там безбројни,
ситни ѕвезди сјајат,
а и ветер тихиј, хладниј
лист на дрвја нишат.
Во црковната градина
весели са китки;
през црковниј двор широки
гиздави девојки
врвјат с стомни, с вода п' лни,
исто тресопатки.
А момчета, Б'лгарчета,
в двор'т седјат накуп,
с жедно срце, с жедни очи
мигајат, погледват.
Нихна младост, пуста младост
своето си искат.
Как што мрена риба барат
место по д'лбоко,
как што славеј, малка птица,
седело си виет
сред расцветени ми ружи
в поле ил' градина,
как што мајка силно љубит
првата си рожба,
так и младо љубит млада,
искат мома јунак,
младо момче-хубавелче,
гиздаво си либе.
И ја некога си, моми,
жеден бех и страден
по моминско лице, хубост
и по чрни очи;
с'м сја крадел из дома си
и с'м бегал ноштем,
като елен млад, запален,
плет ја с'м прескоквал.
И сја криех во градина,
зад макови китки,
ил' под ружи г'столисти
тулех сја как зајац.
Па дочаквах свое либе
тамо во градина,
кога оно утром рано,
во зора гл'бока,
зело лејка в бела рака,
цветја си поливат,
а ја одвај, одвај дишам,
да не ме догледат...
Ала зашто си наумвам
прежни си години?
Нека, моми, ви докажа
својот тажен приказ.