Пеење II

Во црковната градина,
во двор'т широкиј,
седнала е стара баба
пред црковни врати.
Никој неја не ја питат
тамо зашто седит,
кого барат, кого чекат,
од каде дошла е
и што она в црква искат:
дал' дете ште крстит,
или сина си ште венчат
с млада хубавица?
Ил'е дошла за молитва
за болнава штерка?
Ил' задужбина ште правит
по грехове тешки?
Никој не си питат баба,

гиздави девојки,
што лице и сињо-ж'лто,
што сја е згрбила?
Што останали са в снага
само кожа с кости?
Зашто нејни стари очи
врели с'лзи лијат?
Зашто охкат, зашто стенкат,
прстите си кршит?...
Никој не ја питат, моми,
не ште и да знаит,
никој не си питат баба,
мислит, че е луда.

Нарамена стара баба
с од козина торба.
А што она в неја носит,
што има во неја?
Чекајте ви, моми, сестри,
потрпете малко,
сè што видим, ште узнаем,
баба ште ни кажит.

* * *

Седнах, моми, окол' баба
пред црковни врати,
па сја пуљам и сја чудам
зашт' е жаловита
и што барат в таква доба
т'мна и вечерна,
кога људи сја собират
дома си сос чељад;
кога људи си оставјат
дневни си печалби
и сбирајат окол' себе
дребни, мили рожби,
па с них они сја печаљат
да сја развесељат,
да забравјат дни си чрни,
маки, таги, глоби...
Шт' она барат в такво доба,
кога сегде тихо,
глухо сегде, т'мно сегде,
сичко ношт покрила,
и планини и долини,
шуми и пољани,
и широките градини,
сичкиј бел свет божиј,
кога сичко сја починват
од печалби дневни,
как зверове, так и птици
питоми и диви.
Што накарало е баба
дом да си оставит?
Да сја скитат като луда,
исто кукавица?
Нек ја питам, нек узнајам
зло какво ја нашло.
Чума ли село избила,
глад ли е морило?
Кашта л' вода е отнесла,
та имот потопи?
Или клетиј, гладен Турчин
срце ѝ изгори?...

* * *

- Бабо! Слушаш? Опули сја,
нек си поприкажем,
за твој, бабо, живот, помин,
за младо ти време,
Откаде си, кажи, бабо,
и од кое село? Зло какво е тебе нашло,
зла каква година?
Што накарало е тебе в град'т ни да дојдеш?
Што си дошла ти самичка
без сина, без штерка
или немаш ти роднина,
иста кукавица?

Само стап си взела, торба
и повече ништо.
И што носиш в таја торба,
што има во неја?
Дали суха од хлеб корка
и лејка за вода?...
Каква тага, каква мака
тебе е згрбила?
Зашто охкаш, зашто стенкаш,
с'лзи зашто рониш?
Тежок ли грех си сторила,
ти си дошла овде
да отмолиш грех си в црква,
бога ти да смилиш?
Или болна имаш дома,
дошла си по вода,
вода светена, црковна,
болен да напоиш?...
Не бој ми сја, мила бабо,
не с'м з'л човек ја.
Раскажи ми твој’т помин,
јадове и глоби,
милвам ја да слушам, бабо
прикаски од баби...-
Крена глава стара баба,
крена, сја опули,
а из очи с'лзи капат,
ронат сја как бисер.
Ето една врела с'лза
падна долу в земља,
чрна земља неја испи
и дочека втора.
Г’лтат баба врели с'лзи
и земља них г'лтат;
ено ред од жешки с'лзи
накитил е клепки,
колку клепки - толку с'лзи,
редом, редом стојат;
гинит ред един од с'лзи
вториј сја показват,
гинит вториј, а ред другиј
хвана себе место...
Лиет баба жешки с'лзи
како д'жд да врнит.
Натопила шарен ракав,
бришит ги со левиј,
натопила ракав левиј,
бришит ги со поли,
а на нејзин појас висит
селска д'лга крпа:
тја натопена ѝ беше,
и тја беше мокра.
Гиздави девојки градски,
веч вас стигна, чукна
европејска поразија
френски луди моди.
И ви, гиздави момчета,
Б'лгарчета градски,
г'лтате ви думи,
исто папагали,
а не гледате как баба
врели с'зли лиет.
Денем, ноштем плачит, стенкат,
никако не спиет.
Ако вам ви паднит тешко
од те мои думи,
не са, братја, те од злоба,
а од братско срце.

Не срдете сја на мене,
мене сиромаха.
Не срдете сја на мене
скитника без рода.
Не с'м крив аз, ако слушам
овде чуждина,
че ви тамо в Б'лгарија,
в баштина ми мила,
полудели сте по френски
думи и по моди.
Наша клета баба-мајка
не ште френски думи,
ште тја, братја, лек и билка
да исцери рани.
Но нек ви досвршим, братја,
приказ си за баба.

* * *

Крена глава стара баба,
крена, сја опули,
а из очи с'лзи капат,
роњат сја как бисер.
Искат баба да говорит,
јадната не можит,
бркат нејзе честа х'лцка,
с'лзи и горешти.
- Јадна бабо, писана ти бабо,
гледам твоја тага,
гледам, бабо, тешко ти е,
на душа и срце.
Доста, бабо, плака, стенка,
избриши си с'лзи,
раскажи ми твој'т помин,
јадове и глоби.

Негли ја ште да помогнам
на твојата мака,
негли ште ти кажем како
тага да одбиеш.
Раскажи ми сè што знаеш,
сè, што мина през глава ти
во живот ти целиј.
Турчин изгорел ти срце

или чорбаџија?
Или чума изморила
синове ти, дштерки?
Или оган изгорил е
кашта ти и стока?
Лошо какво стигнало те
или клетва тешка?
Не бој ми сја, мила бабо,
не с'м з'л човек ја.

И кажи ми што ти носиш
в од козина торба?
Дали суха од хлеб кора
и лејка за вода?

* * *

Стара баба с дрехла рака
крена бела крпа
и избриши свој си образ,
очи, клепки, с'лзи.
И изд'хна глухо, тешко,
скрсти обе раце,
па с глас слабиј, жаловитиј
начна да приказва.
Чујте сега, о девојки,
Б'лгарчета млади,
бабин приказ, нејни думи
и душевни таги.

← Пеење I

Пеење III →

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!