Билјана платно белеше
Најпознатата македонска народна песна. Билјана бели платно на охридските извори и им вели на винарите дека не сака вино за згазеното платно, туку момчето што го води карванот.
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Ми поминаа винари,
винари белограѓни. 2х
"Винари белограѓани,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,
платното ми е даровно,
за свекор и за свекрва."
"Ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме,
со вино ќе го платиме,
и бела лута ракија." 2х
"Винари белограѓани,
не ви го сакам виното,
тук' ви го сакам лудото,
што напред тера карванот." 2х