Македонски народни песни
Текстовите на песните што се пеат низ цела Македонија: „Билјана платно белеше“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Зајди, зајди, јасно сонце“ и други. Љубовни песни, балади за вѕиданата невеста и Крали Марко, коледарски, свадбарски и печалбарски песни. Немаат автор, се пренесувале од уста на уста, па истата песна по селата се пее со различни зборови.
Содржина
- Билјана платно белеше
- Јовано, Јованке
- Море сокол пие
- Дафино вино црвено
- Зајди, зајди, јасно сонце
- Ајде сонце зајде
- Елено моме, Елено
- Елено ќерко, Елено
- Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо
- Коња водам Анѓе
- Не си го продавај Кољо чифликот
- Ленче бре душо
- Огрејала месечина
- Ајде Анѓо да повечераме
- Дафинка платно белеше
- Драганка ѓергеф везеше
- Рајна на пенџере седеше
- Цвета мома убава
- Марика мома убава
- Моме оди на вода
- Кажи, кажи либе Стано
- Невесто калеш убава
- Стани ми Ленче, отвори
- Стојне бре, Стојне
- Излези моме на чардак
- Каде се чуло видело
- Ајде бостан садат мамо
- Мамо мори
- Сокол ми лета високо
- Славеј пиле рано пее
- Билбил пее на сабајле
- Саноќ ми билбил пропеа
- Заблеало рудо јагне
- Имала мајка до девет сина
- Мост ми ѕидат девет мајстора
- Димна Јуда град градила
- Марко коси зелена ливада
- Марко чека месец да огрее
- Градел Илија манастир
- Сестра моли брата за вечера
- Стар Свети Петар уф заднани леже
- Коледа леда
- Коледарска песна (15)
- Коледица
- Зачукале тапаните
- Заплакало е Мариово
- Распукала Шар Планина
- Кога си тргнав в туѓина
- Кирајџиче, јабанџиче
- Туѓината пуста да остане
- Ој овчаре
- Кумановско поље
Како да се чита
Песните се запишани по говорот на крајот каде што се пееле, со турски зборови од тоа време. Ознаките 2х и х2 значат дека стихот се пее двапати.
либе – сакан, сакана
лудо, лудо младо – младо момче
ерген – неженето момче
калеш – мургав, убав
меана, мејана – механа
чардак – горен отворен дел на куќа
карван – редица товарни коњи
винари – оние што пренесуваат и продаваат вино
гунче – горна волнена облека
бакал – продавач на ситни стоки
гурбетчии – печалбари
кираџија, кирајџија – превозник со коњи
јабанџија – странец, туѓинец
ханама – господарка, турска дама
трло – место за овци
крвнина – откуп за убиство
аман, џанам, леле, мори – извици во песната