Саноќ ми билбил пропеа
Славејот ѝ кажува на Катинка дека нејзиното либе се свршило со друга и ѝ бара проштевање.
Саноќ ми билбил пропеа
на катиниот трендафил.
Саноќ ми билбил пропеа
на катиниот трендафил.
Стани ми стани Катинке,
стани ми стани девојче.
Стани ми стани Катинке,
либето ти се посврши.
Од тебе бара проштење.
Од мене просто да му е,
од Бога проклет да биде
срцево ми го изгоре.