Ајде Анѓо да повечераме
Анѓа не доаѓа на вечера, зашто момче влегло во градината и го обрало цвеќето.
Ајде Анѓе да повечераме, мори,
ајде Анѓе да повечераме.
Вечерајте Анѓа не чекајте, море,
вечерајте Анѓа не чекајте.
Анѓе је се нешто учинило, море,
Анѓо је се нешто учинило.
Влегло лудо в долното градинче, море,
влегло лудо в долното градинче.
Ми обрало секаквоно цвеќе, море,
ми обрало секаквоно цвеќе.
Секаквоно цвеќе, бело ем црвено, море,
секаквоно цвеќе, бело ем црвено.