Ој овчаре
Овчарот е весел: овците му се објагниле, а жената му родила машко дете.
Ој овчарче, бре чобанче
што си толку развеселен?
Фино Фесче на страната
стодрам писќуљ над окото.
Ој Стојане, мој стопане,
как' да не сум развеселен?
Овци ми се објагниле
половина облизниле.
Жена ми се породила
ми родила машко дете.