Марко коси зелена ливада
Марко коси, Мара бели платно, а мајката ја праќа кај брат ѝ. Мара се жали дека Марко не ја познава како сестра.
Марко коси зелена ливада, (х2)
Мара бели платно на реката, (х2)
Мајка Мара од белење вика, (х2)
Елај Маро, елај мила ќеро, (х2)
На брата ти ручок да однесеш, (х2)
Леле мале, леле стара мале, (х2)
Мене Марко за сестра не знае, (х2)
Мене Марко за либе ме знае. (х2)