Димна Јуда град градила
Самовилата Димна Јуда гради град на планина: колците се ергени, а плетот девојки.
Димна Јуда, мамо, град градила,
на планина, мамо, на Влаина. х2
Што е колје, мамо, побивала,
се ергени, мамо, за главење. х2
Што е плиќе, мамо, заплиќала,
се’ девојки, мамо, за мажење.
Димна Јуда, мамо, град градила,
на планина, мамо, на Влаина. х2