Марко чека месец да огрее
Ѕвездата му кажува на Крали Марко дека неговите кули се урнати. Тој се враќа во Прилеп и го убива Муса Кесеџија.
О, Марко чека месец да огрее
Марко чека месец да огрее
О, га превари ѕвезда вечерница,
ори ѕвездо, ѕвездо вечернице,
О, че те прашам мори, право да ми кажеш,
дали беше ѕвездо на мојот виљает.
О сега Марко море оттамо се враќам,
твојте кули Марко ти се поурнати,
О твоја мајка ти е отепана
верна љуба ти е одведена.
О се наљути море Марко добар јунак,
та се врати јо Прилепа града
О па подигна тешка буздогана,
и утепа море Муса Кесеџија.
О и утепа море Муса Кесеџија,
и со њега Црна Арапина.