Зајди, зајди, јасно сонце
Тажна песна за младоста: шумата пак ќе ги добие лисјата, а младоста нема да се врати.
Зајди, зајди, јасно сонце,
Зајди, помрачи се,
И ти, јасна ле месечино,
Бегај, удави се.
Црнеј, горо, црнеј, сестро,
Двајца (двата) да црнееме,
Ти за твоите лисја ле, горо,
Јас за мојта младост.
Твоите лисја, горо сестро,
Пак ќе ти се вратат,
(А) мојта младост, горо ле, (сестро),
Нема да се врати.