Сестра моли брата за вечера
Братот убил нечиј син и бараат крвнина. Сестрата мора да одлучи кој од своите деветмина синови ќе го жртвува.
Сестра моли брата за вечера
Сестра моли брата за вечера
ајде, ајде брате да вечераме. [x2]
Вечерајте сестро не чекајте ме
јас сум билои сестро у меана. [x2]
Јало пило сестро сум се опило
голем зулум сестро сум направило [x2]
сум заклало еден син на мајка
сега они барат крвнината. [x2]
Ајде, ајде брате да вечераме,
за крвнина брате колај бива. [x2]
Сестра има брате девет сина,
едно сине мајка ќе прежали. [x2]
Цел ноќ седи мајка солзи рони
кое сине мајка да прежали. [x2]
Прежалила мајка најмалото,
најмалото мајка нај убавото. [x2]