Славеј пиле рано пее
Славејот го буди младото момче да оди во планина, каде што има три моми.
Славеј пиле рано пее
Славеј пиле рано пее
рано пее пред зората,
па ми буди лудо младо,
лудо младо не женето.
Стани, стани лудо младо
да ми одиш врв планина,
таму има до три моми
до три моми Македонки.
Прва мома дрва бери
втора мома оган пали,
втора мома оган пали
трета мома јагне печи.