Кирајџиче, јабанџиче
Девојката го прашува кираџијата дали го видел нејзиниот Ѓорѓија, а тој седи во механа и пие вино.
Кирајџиче, јабанџиче,
Каде одиш, џанам, каде шеташ?
Дал го виде мојто либе?
Мојто либе, џанам, тој Ѓорѓија.
Јас го видов у мејана,
Сладок ручок си ручаше.
Сладок ручок си ручаше,
Рујно вино си пиеше.