Скитник
Без род и без либе, во глад и рани, скитникот верува дека ќе дојде ден кога робот ќе стане.
Везден одам, везден траам,
везден ф судни маки чмаам...
Глава веднам... Солзи леам
и сред лути рани тлеам.
Блиска рода нигде немам,
ни при живи дел да земам:
Немам либе... Гори младост...
Дни се нижат ф страшна гладос.
Лејте очи солзи жешки,
гини срце ф рани тешки,
роб ке стане, ден ке светне,
младос пуста ф крф ке летне.