Молскавици
Коле Неделковски, 1940
Првата збирка на Коле Неделковски, отпечатена во Софија: шеснаесет песни за печалбата, ропството, ајдутите и работниците по градилиштата. Напишани се во ритамот на народната песна, на говорот од Велешко. Збирката излегла со бугарска азбука; овде песните се пренесени на македонско писмо, без промена на зборовите.
Содржина
- Младост попарена
- Причинуење
- Раткина неволја
- Рането срце
- Жив отруен
- Чичко ми...
- Ропство
- Работник
- Стачка
- Одродени...
- Ангелко
- На кинисуење
- Не колни
- Стоан на Ордановци
- Мајка
- Скитник
Како да се чита
Неделковски пишува како што се зборува во неговиот крај: ке за ќе, ја за јас, ф и в за во, ел и ели за или.
молскавици – молњи, светкавици
либе – сакан, сакана
абер – вест, глас
јабана – туѓина
сеир гледа – гледа како нешто туѓо, без да помогне
гајрет – храброст, утеха
ишарет – знак со рака
калеш – мургав, убав
довлет – благосостојба, среќа
чмае – вене, тлее
веда – молња
куртули – ослободи, спаси
кинисување – тргнување на пат
руба – облека
берданка – пушка од крајот на 19 век
пусија – заседа
робје – робови