Не колни
Поетот го смирува своето срце да не тажи за рано овенатата младост, туку да му даде сила заедно со браќата робје да го урне гнетот.
Затрај мое клето срце,
не тажи и не колни,
што се мое младо лице,
толку рано измени.
Нити колни образ свиден
в'бел свет што ме изведе,
А сред живот пуст и страден
темен гроб ја изеде.
Туку ајде в скрежни жили
налеј сила јунашка,
та со робја — браќа мили —
гнет да сринам крвнишки.