Коле Неделковски
1912–1941
Коле Неделковски (1912–1941) е роден во селото Војница, Велешко, во сиромашно земјоделско семејство. Во Скопје го изучил бојаџискиот занает, а во 1933 година заминал во Софија.
Таму бил член на Македонскиот литературен кружок, во кој млади печалбари и студенти пишувале на својот мајчин јазик. Ги објавил збирките „Молскавици“ и „Пеш по светот“, меѓу првите книги поезија на современ македонски јазик.
Загинал во Софија во септември 1941 година, кога полицијата дошла да го уапси.
- Молскавици – Коле Неделковски
- Пеш по светот – Коле Неделковски