Пеш по светот
Коле Неделковски, 1941
Втората и последна збирка на Коле Неделковски, отпечатена во Софија во годината кога загинал. Насловната поема е пат пеш низ Македонија, покрај Вардар, Солун и Пирин, со сеќавање на Илинден и на Гоце, Ѓорче, Јане и Орце. По неа следуваат песни за туѓината, за враќањето и за тоа за кого треба да пее поетот. Песните се пренесени на македонско писмо, без промена на зборовите.
Содржина
- Пеш по светот (прва песна)
- Пеш по светот (втора песна)
- 1941
- Глас од Македонија
- Враќање
- Во туѓина
- На поетот
- Мајка и син
Како да се чита
Неделковски пишува како што се зборува во неговиот крај: ке за ќе, ја за јас, ф и в за во, ел и ели за или.
абер – вест, глас
куртули – ослободи, спаси
кинисал – тргнал на пат
кавга – караница, раздор
пизма – омраза, инает
гајле – грижа
бајрак – знаме
меана – крчма
стрв – алчност, бес
Беаз-куле – Белата кула во Солун, некогашен затвор
Ѓорче, Гоце, Јане, Орце – Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Јане Сандански и Орце Попјорданов
Криволак – место покрај Вардар, кај Неготино
смеф, гнеф – смев, гнев