Глас од Македонија
Со векови други се караат чиј е овој народ. Сега треба сам да реши за својата судбина, од Шар и Пирин до Егејот.
О, трајте, трајте, тирани недни.
доста се тија лаги и злоба —
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.
Та ете веке векови цели
писка и стенка од волци гости —
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши
со своа волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши
д'издигне славно свој род без врева
Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј — на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.