Стачка
Градежните работници, гладни и свиени по скелињата, излегуваат во штрајк против господарот.
Стијна тој страшен екот
над темен и крвав град,
запре и проклет викот
за ропство на роден брат.
Не носи ни ветер ладен
тажна песна по свет,
извил ја аргатин гладен,
сред дуздисан палат клет.
Ни човек — сенка се мерка,
по скеле со сведен врат,
од тешка мака да стенка
со свито срце од глад.
А еј ги, с пламнати чела,
се врфчат, у буен рој,
од очи молска им сила
за крваф, и страшен бој.
Врват, до крај за да сринат
стрфта у господар клет
и мачни срца да пливнат
у радост сред грејнал свет.