Чичко ми...
За стрикото што на старост го напуштил домот и скитал по светот со мисла за својот народ, па умрел во туѓина. Песната е посветена на М. Г. Војницалија.
на М. Г. Војницалиа
Нажапчи врата и тргна,
на старос со свиен грб,
по викот на мисли светли,
низ проклет и немил свет.
Пред ништо нигде не запре,
пред пари и имот грд,
пред спомен од младост бујна
пред радост од стара чест!
И така без дом се скита
и горе за народ свој,
а нигде ни стреа пуста
да сведеш на старост лик.
И носен вечно од маки,
на камен тврд заспа сон,
о заспа и песни викна,
(з)а робја и роден крај.
О, заспа фтугина клета,
без екот да чуеш мил
Клепа твој песни што вие,
и држи црн роб на штрек.