Гарванот и домазетот
Едно момче го брка гарванот што грачи на врбата крај куќата. Гарванот му враќа дека куќата е на жена му и дека на домазет му е потешко отколку на гарван, зашто во туѓа куќа не смее ни глас да крене.
Си грачел еден гарван на една суа врба во есен. Од грачењето негоо му се здодеало на едно момче што му била куќата туа близу, зело еден камен и врлило по гарвано за да го избркат.
— Ја скрши си и глаа — му рекло момчето — море нестреќниче и црни гарване, не туку грачи ми со твојата несмасна песна. Ти се чини оти секој што те слуша санким те бендисуат, а не знаеш оти секој што те слуша и те гледат, како душман да си гледат, чунки сите веруаме оти твоето грачење зима ќе донесит.
— Дејди момче домазетче, сега брго оженето, ти немаш прао да ми речиш: „скрши си глаата“, за да си одам од суава врба, оти и таа не е твоја. Тебе треба да ти се речи: „скрши си глаата“, оти куќата кај што седиш не ет твоја, ами ет од невестата ти. Си му пошол да му седиш и да му бидиш домазет! Да знаиш, момче, оти од домазет поцрн и потемен немат ништо друго, а од моето пеење (грачење), ако тебе или некому другему не му ет угодно, затнете си ушите и не слушајте ме. Ама ти што си домазет, ако ти текнит да подвикниш дома понависоко, веднаш ќе ти се речит од жената ти или од друзите куќни луѓе вака: „Молчи, бре чоече, не туку вреви, оти не ти го имаме тебе во куќава ќеот.“ Така ќе ти се речит; и коа ќе запеиш некоаш, со прво велење ако не послушаш, ќе ти се речит: „Тебе ти велаат: молчи, не туку викај, како магаре, мисли кај се наоѓаш, не си во таткоа ти куќа, не ти ет страм, никаквику“, и друзи зборои несолени, што и пците не 'и јадат, ем поеќе ќе ти се велат од невестата ти. Ето ти сега, момче, за домазетоите овој му ет поминот, да суди кој ет поцрн: али јас, али ти, и пак ќе дојдам да ми кажиш“ — му рекол гарванот и си летнал, на подалечна врба за да си грачит на ќеот свој.
Откоа го ислуша домазетот гарванотаго, останал зачуден и задуман од пострамуањето на гарвано, чунки му текнало, оти полош ет домазетот од гарванот и плакал оти да бидит домазет.