Народни приказни
Марко Цепенков, 19 век
Дваесет народни приказни што Марко Цепенков ги запишал во Прилеп и околината во втората половина на 19 век. Прва е „Силјан Штркот“, за непослушниот син што станал штрк, а по неа приказни за животни и волшебни приказни за цареви, ламји и к'смет.
Цепенков ги запишувал како што ги слушал, на прилепски говор и со турските зборови од тоа време. Правописот е денешен, зборовите се негови, па во некои приказни ќе најдете чоек и глаа, а во други човек и глава.
Содржина
- Силјан Штркот
- Мечката и мравите
- Врапците кога се правеа цареи
- Страчката со страчињата
- Ламјата што пукнала од мака
- Едно петле и едно јариче
- Глушецот и жабата
- Волкот, лисицата и камилата
- Двете магариња
- Гарванот и домазетот
- Лисицата, ежот и кртот
- Змијата и чкрапјата
- Царот со тројцата синои и трите јаболкници
- Царо што имал на глаата рог
- Волкот и магарето
- Невена и деветте ѝ браќа
- Двајца браќа и к'сметите
- Тројцата браќа што ошле на туѓина
- Цане и ламјата
- Лошата жена што го натисна ѓаоло во бунаро
Како да се чита
Приказните се на прилепски говор, како што ги запишал Марко Цепенков кон крајот на 19 век, со осовременет правопис.
чунки – бидејќи, затоа што
арно – добро
тики – па, затоа
лели – штом, бидејќи
ѓоа – божем, наводно
'и – ги (кратка заменка во прилепскиот говор)
ќеф, ќев – волја, задоволство
касмет, к'смет – среќа, судбина
кабил – можно
чаре – излез, решение
зијан – штета
зорт – мака, неволја
куртулиса – се спаси, се ослободи
кандисал – се согласил
изим – дозвола
марифет, маривет – итрина, вештина
себап, себеп – причина, повод
аџамија – млад и неискусен човек
аџилак – поклоничко патување до Божи гроб
вилает, виљает – крај, област, роден крај
гемија – брод
ада – остров
измет – служба, слугување
руга – плата на слуга или чирак