Ламјата што пукнала од мака

Ламја со години ги мачи луѓето во едно поле и ниеден јунак не може да ја убие. Тогаш смислуваат да ја изморат со глад и со тапани, па итрината успева таму каде што силата не помогнала.

Беше се запатила една ламја во некое поле, та ништо живо не припуштала за да поминит тамо. Мнозина јунаци беа пошле за да ја отепаат, арно ама сите беше 'и изела. Денеска-утре, поминале многу годиње што 'и мачела луѓето што живееле во околните села. Од големата мака луѓето што имале, едно и друго дека не можеле да ја отепаат, издумале еден марифет за да ја умрат.

Заповедал царот: никој јунак да не одит за да ја тепат ламјата, чунки неа ништо не ја умирало, ни куршум ја дупел, ни сабја ја сечела. И друга заповед се дала од царот: никој да не пушта имање в поле за да нема што да јади ламјата.

По тоа после напраиле на две старни од полето, на печес саати скраја, две кули и кладоа луѓе за да бијат тапани. Ламјата откако огладнела, тргнала по поле да бара јадење, арно туку не можела да најдит, шетала по шамаците, по друзи места, немало џан-џин. Едно приближала до кулата, избуале тапаните што да можат. Кога чу ламјата тие гласеи, отворила уста, брате мило, како некоја ламја, и се пуштила на кулата за да вати нешто да изеит, арно ама вратата јако затворена била, та ништо не можела да сторит. Се врте околу кула, се сука, не можела ништо да напраит, и во тоа време тапаните запреле и удриле од другата кула друзите тапани, и ламјата едно чу глас од друзите тапани, и се спушти тамо, и тамо ништо не можела да стори. Трчала тамо, вамо, до најпосле се уморила и од мака се пукнала како костен.

Со тој маривет куртулисаа народот од ламјата.

← Страчката со страчињата

Едно петле и едно јариче →

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!