Двајца браќа и к'сметите

Сиромав брат ноќе на нивата на богатиот го затекнува неговиот к'смет, односно среќата, како работи за него. Дознава дека неговиот сопствен к'смет седи како цар и ништо не работи, па тргнува да го најде.

Си биле двајца браќа: еднио богат, другиот сиромав. Сиромајот му жниел на брата си на нива со надница. Вечерта си дошол од нива заедно со друзите аргати, седнале да вечераат и сиромајот му текнало оти ѓоа српот си го забораил на нива; рипнал од трпезата, без да јадит леб, и отрчал на нива за да си го земит српот. Кога приближал кај нивата, видел еден чоек в нива кај туку збират класје, дошол в нива и му рекол налутено на чоекот што збирал класје:

— Море чоече, што збираш во туѓа нива класје? Лели знаиш оти имат стопан таа нива?

— Јас никого не прашав, бре душко, оти и јас сум постопан од брата ти: јас сум му к'сметот од брата ти, што му работам ноќе-дење, еве и класјето што се растурени, кај туку 'и збирам за да не му се сторит нешто зијан, да вака да ме знаиш. Туку ти што бараш сега во време на вечера?

— Море брате, српот сум го забораил овде, тики зато дојдов за да си го земам.
— Море ете ти го српот на рамо, бре чоече Божјо — му рекол к'сметот — што си си остаил вечера и си дошол на нива да го бараш?
Кога посигна со рака, вистина српот му бил на рамо и му паднало како страм.
„Дејди пуста сиромаштија моја“ — рекол сиромајот. — Да бев имал к'смет, не ќе дојдев на овој ал, што да не сеќаам оти срп носам на рамо!
— Дејди братко, дејди, да знаиш што к'смет имаш ти! — му рекол к'сметот — прв јет од сите к'смети, туку ти се сторил цар на к'сметите, да од тоа не ти работит, а брате. Туку, ај јас ќе ти сторам едно добро и ќе ти кажам. На ти го овој топуз и стегни си опинците, та да појдиш на онаа планина, е-е-ј висока, и тамо имат еден сарај голем, кај што седит к'сметот твој воцарен. По патот, што ќе стретиш луѓе што да прилегаат како мене, кај што ќе работат, прашај за патот и тие ќе ти го кажат. Кога ќе појдиш кај царот, ништо да му не сакаш од колку едно пиле што имат затворено в кавез, што носи ката ден по едно јајце позлатено. Ако не ти го даат, намавни со топузот и веднаш ќе ти го даит. Ете, та да се обогатиш наеднаш.
Откога му поблагодарил сиромајот, си го зел топузот и си отишол дома.
Утрото рано си испраил патот. Одејќум по пат, стрел еден чоек што прилегал како к'смет.
— Добро утро, чоече, аирлија ти орање!
Тој само си орат и ич не му одгоори, дури не ја истера браздата што ја ораше од нивата.
— Дал ти Господ добро, пријателе — му одгоорил орачот — ако дај Господ, кај си се упатил вака?
— Ќе ти кажам, пријателе, кај одам,туку прво ти кажи ми оти не ми одгоори, дури не ја доора браздата од нивата?
— Еј море, пријателе, ја сум му к'сметот на еден чорбаџија, да требат да работам гологлаечки за да бидит богат чорбаџијата:
Тргнал и си го испраил патот. Поодел, поодел и стрел еден друг к'смет кај го копал едно лозје. И нему му дал едно доброутро, и тој к'смет бил од еден богат што му работил, и тој така му рекол. Поодил попотаки и еве му еден чоек кај туку збирал дрва.
— Помози Бог, пријателе!
— Дал ти Господ добро — му одгоорил со дрвата — ја ела, пријателе, поткрени ми троа дрвава на рамо.
— Многу арно, побратиме, ќе ти поткренам — му рекол сиромајот, ама ќе те молам да ми кажиш ако знаиш кај седи царот на к'сметите; те молам стори ми едно добро.
— Ех колку за тоа, јас ќе ти кажам, чунки јас сум му на царот к'сметот, што му чинам измет; ај повели по мене да те однесам дури в сарај.
Му поткренал дрвата и го однесол в сарај. Влегол в сарај, и едно го видоа вардачите, го опколија за да го ватат да го бијат. Арно ама едно намавнуање со топузот и невиден бис се сторија. И тогај му пошол кај царот во одајата, исповртел со топузот за да го биет и му свикал на лутина:
— А бре, што си се курдисал овде ти, ами лели ти си мојиот к'смет, бре, што не станиш да работиш, бре, за да ме обогатиш, оти мене очите ми подбелеа за една корка леб! Стани бре, оти сега коските ќе ти 'и здробам; зар ќе ми бидиш ќопоолу, си ми седнал, како некој дембел!
Од пусти страои од топузот, станал од столот и го теклифил за тој да седнит и му рекол уште:
— Стопанине мој, било како било досега, да ми простиш сега сакам: јас сторив, ти не стори; ама за отсега вамо ќе видиш, ако сме живи и здрави, што чорбаџија ќе те сторам; ела та влези во азното мое и земи си колку сакаш, ете да бидиш богат!
— Слушај вамо, јас пари неќум — му рекол сиромајот — јас ти го сакам пилено што јет во кавезон, друго ништо: ако го дааш, арно; ако не, кажуј!
— Аман, бре стопане, не сакај го пилето, оти јас треба да загинам од мојте — му рече к'сметот.
Кога виде сиромајот оти не му го даат, тргна топузот за да го биет. Од страв што го ватило, царо свикал и дотрчала војската на помош, и малку се уплашил сиромајот; арно туку намавнал со топузот и сите избегале сосе царот.
Си го зел сиромајот пилето и си отишол дома. Од јајцата што 'и продаал, се обогатил од мерата надвор. Ама и к'сметот после му работел.

← Невена и деветте ѝ браќа

Тројцата браќа што ошле на туѓина →

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!