Тодор Александров: живот, дејност, ВМРО и контроверзиите околу неговото дело.

Тодор Александров е една од највлијателните, но и најконтроверзни личности во македонското револуционерно движење. Овој текст дава поширок преглед на неговиот живот, улогата во ВМРО, учеството во војните, Мајскиот манифест и различните историски толкувања за неговото дело.

Тодор Александров Поп-Орушов (Ново Село, 4 март 1881 — Сугарево, 31 август 1924) — македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. Портрет на Александров во 1912 г. со автограм и посвета на Пејо Јаворов   По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.   Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.   Потписот на Тодор Александров   Рани години Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев и Марија. Таткото на Тодор бил учител во Радовиш,…

Од продавницата

Прочитај во Непокор Библиотека

Nepokor.mk - vecna borba, nepokoren duh! Najgolem izbor na makedonski patriotski proizvodi na edno mesto. Od makedonski znaminja, makedonski dresovi, maici, dukseri, bluzoni do stikeri, sisinja i drugi proizvodi za patrioti. Posetete ne sega!